Најмалку 99 загинати и над 200 исчезнати по ерупцијата на вулканот Фуего (Видео)

89

Тимови за спасување во Гватемала веќе трет ден по ред се во потрага за преживеани, по ерупцијата на вулканот Фуего, а до досега загинаа најмалку 99 луѓе.

Спасувачки тимови денеска обезбедиле подрачје околу вулканот што еруптираше во неделата исфрлајќи огромни количини пепел и лава со висока температура што се движи кон градови во близина.

Институтот за сеизмологија во Гватемала предупреди синоќа за ново излегање на лава и повика на евакуација.

Спасувачките тимови се во потрага по исчезнати чиј број е над 200.