Најмалку 80 возила опожарени во западна Шведска (Видео)

295

Најмалку 80 автомобили синоќа се опожарени во шведските градови Гетеборг и Тролхатен. Пироманите дејствувале истовремено во неколку реони.

– Имавме период со големи пожари, но во една иста вечер за толку кратко време да има пожар на многу различни места, не памтам такво нешто – изјави портпаролката на полицијата во западна Шведска, Ула Брем.

Полицијата претпоставува дека акцијата најверојатно била координирана преку социјалните мрежи.

Според очевидците возилата биле потпалувани од луѓе облечени во темна облека и со качулки. Тие носеле канти со бензин и бејзбол палки со кои ги кршеле стаклата на автомобилите.

Полицајците кои им помагале на пожарникарите биле нападнати со камења.

Шведскиот премиер Стефан Ловен изјави дека е „навистина лут“ и оти „општеството треба решително да реагира“.