Најмалку 55 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Индија

19

Најмалку 55 лица загинаа, а 33 се повредени кога преполн автобус падна во клисура во Индија.

Автобусот превезувал верници и се враќал од храм на еден рид во јужната држава Теланган. Возачот, кој е меѓу жртвите, ја изгубил контролата и возилото паднало од патот. Повеќето патници претрпеле сериозни повреди.