Најмалку 39 убиени во напад врз училишен автобус во Јемен

30

Најмалку 39 лица се убиени, од кои најголем дел деца, во напад извршен во Јемен од страна на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Во нападот е погоден училишен автобус во северниот дел на Јемен, изјави официјален претставник на здравствените работници.