Најмалку 35 загинати по уривањето на надвозникот во Џенова

201

Бројот на загинати при уривање на надвозникот во Џенова се искачи на 35, а повредени се 16 лица. Помеѓу загинати има и три деца на седум, 12 и 13 години, соопшти италијанската полиција.

Пожарникарите и спасувачките екипи цела ноќ ги расчистуваа урнатините и трагаа по преживеани лица.

Надвозникот, дел од автопатот А10, се урна по силната бура пропратена со громови.

Надвозникот бил изграден во 60-тите години од минатиот век, а реконструиран во 2016 година.