Најмалку 300 повредени при уривање на платформа на фестивал во Шпанија

51

Околу 312 луѓе се повредени, од кои петмина потешко, при уривање на дрвена платформа на фестивал во северозападниот дел на Шпанија, јавуваат шпанските медиуми.

Нема информации за човечки жртви, а радиото Галега јави дека 312 луѓе се повредени на фестивалот во Виго, град во покраината Галиција.

Градоначалникот на Виго Абел Кабалеро рече дека платформата која била 30 метри долга и 10 метри широка, се урнала синоќа нешто пред полноќ.