Најмалку 30 цивили загинаа при напад на американски дрон во Авганистан

122

Најмалку 30 цивили загинаа, а 40 се повредени во Авганистан при напад на американско беспилотно летало.

Како што пренесуваат светските агенции, нападот бил насочен кон цели на Исламска држава.

Нападот бил извршен во планинско подрачје во провинцијата Нангахар, во источен Авганистан.

Авганистанското Министерство за одбрана и американски претставници во Кабул го потврдија нападот со дрон, но не соопштија детали.