Најмалку 23 повредени во судир на трамваи во Прага

41

Најмалку 23 лица се повредени кога два трамваи се судрија денеска во Прага, јави ДПА, повикувајќи се на итните служби.

Несреќата се случи во центарот на главниот град на Чешка. Шест амбулантни возила пристигнаа на местото на настанот.

Еден трамвај удрил во задниот дел на другиот трамвај пред една крстосница. Штетата се проценува на 200.000 евра.

Повеќето од повредените се здобиле со повреди на вратот и нагмечувања на ребрата.