Најмалку 170 повредени во судирот на полицијата и демонстрантите во Барселона

59

Најмалку 170 лица се повредени во судирот на каталонските сепаратисти и полицијата на аеродромот во Барселона, соопштија денеска каталонските власти.

Немирите избувнаа за време на демонстрациите, кои започнаа по осудувањето на деветтемина каталонски службеници на казна затвор од 9 до 13 години поради нивната улога во обидот да ја одделат Каталонија во 2017 година.

Три лица беа уапсени, а меѓу повредените се 40 полицајци.