Најмалку тројца застрелани во напад во трговски комплекс во Аризона

96

Најмалку три лица биле застрелани во огромен трговски комплекс во Аризона во средата вечерта, соопштија властите цитирани од „Њујорк пост“. Вооружениот напаѓач бил уапсен по пукањето во Вестгејт во Глендејл.

Државниот сенатор од Аризона, Мартин Квизада, објави дека го видел вооружениот напаѓач како застрелал две лица со „АР-15“.

– Видов 2 жртви со свои очи. Не сум сигурен колку други има. Го видов напаѓачот – напиша Квизада.

Непосредно пред 8 часот по локално време полицискиот оддел во Глендејл објави на Твитер дека нема повеќе извештаи за активно пукање.

– Ја затворивме областа Глендеј за да се осигуриме дека сите се безбедни – соопштија од полицијата.

Во меѓувреме излезе информација дека напаѓачот го снимил нападот и го објавил на „Снепчет“ држејќи конзерва пиво во рацете и најавувајќи што планира да направи.

– Здраво, се викам Армандо Јуниор Хернандез и ќе бидам напаѓач на Вестгејт 2020 – вели момчето додека го пие пивото и го покажува оружјето на задното седиште“, објави „Сан“.