Најмалку седум лица загинаа во воздушен напад врз фабрика во Триполи

23

Најмалку седум лица загинаа, а 15 се повредени во воздушен напад врз фабрика за кондиторски производи во главниот либиски град Триполи, соопшти Министерството за здравство.

Меѓу жртвите има и петмина странски државјани.

Од април годинава, Триполи е средиште на борби меѓу самопрогласената Либиска народна партија и повеќето милиции поврзани со меѓународно признатата, но слаба влада, која ја контролира престолнината.