Најмалку двајца загинати во железничка несреќа во Германија (Видео)

1180

Најмалку две лица загинаа, а 14 се повредени во судар на патнички и товарен воз во јужниот дел на Германија, соопшти утрово германската полиција.

Во несреќата загинале машиновозачот на патничкиот воз и една патничка.

Патничкиот воз сообраќал на линијата Аугзбург-Инглоштат. До несреќата дошло кога патничкоопт воз синоќа налетал на товарниот воз, што стоел.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.