Најголемиот политички ривал на Путин повторно осуден на затвор

153

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е осуден на 10 дена затвор. Ваква одлука донесе московскиот суд, кој го прогласи за виновен за кршење на законот при учеството во уличните демонстрации кои се случија минатиот месец.

Долгогодишниот критичар на Владимир Путин е најголемиот политички противник на рускиот претседател. Тој беше во затвор во повеќе наврати поради организирање на протести против власта, а Европскиот суд за човекови права пресуди дека неговото притворање во 2012 и во 2014 година било политички мотивирано. 

Навални беше меѓу повеќе од 500 демонстранти кои полицијата ги приведе во Москва и кои бараа казни за полицајците кои учествуваа во апсењето на истражувачкиот новинар Иван Голунов.

Голунов беше уапсен на почетокот на јуни поради, како што се тврдеше, обид за трговија со дрога. Ослободен е по неколку дена, откако обвинувањата против него беа отфрлени поради немање докази.