Наја Ривера собрала сила да го спаси синот, но не и себеси

784

Телото извлечено од езерото во Калифорнија е на исчезнатата актерка Наја Ривера, соопштија вчера официјални лица.

– Ние сме убедени дека телото што го најдовме е на Наја Ривера. Таа собрала доволно енергија да го врати својот син на бродот, но не и доволно за да се спаси себеси – рече шерифот на округот Вентура, Бил Ајуб, на прес-конференција на брегот на езерото Пиру близу Лос Анџелес.

Нејзиното тело беше најдено рано во понеделникот во близина на местото каде што исчезна, рече шерифот, додавајќи дека многуте дрвја и растенија под водата ја отежнувале потрагата во северната половина на езерото.

За Ривера (33) се претпоставуваше дека се удавила откако исчезна во средата. Таа изнајмила чамец на езерото Пиру со својот четиригодишен син Хозе кој беше пронајден неповреден.