Најавен крајот на долгата ноќна мора на старите пријатели на Америка

549

Консензуалната порака од синоќешната прва дебата кај демократите е дека претседателот од нивната партија повторно ќе започне да ги третира пријателите на Америка како пријатели, а непријателите како непријатели

Во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп отпатува во Јапонија за Г20 самитот, упатувајќи многу поплаки за сојузниците на САД со кои ќе се сретне, 10-те претседателски кандидати од редовите на демократите, од сојузната држава Флорида упатија порака за старите пријатели на Америка дека на нивната долга ноќна мора набрзо ќе и дојде крај, пишува магазинот „Атлантик“.

Можните претседателски кандидати од Демократската партија изгледаа особено заинтересирани за да ги подобрат односите со европските земји за кои Трамп тврди дека не издвојуваат доволно пари за одбрана и ги искористуваат САД при трговијата.

Запрашани за тоа кој меѓународен однос би прво би го ресетирале како претседател, половина од кандидатите тврдат дека ќе се обратат кон Европа.

– НАТО ќе се распадне доколку Трамп владее уште четири години. Ова е најдолгата алијанса во историјата на САД – рече поранешниот заменик-претседател Џозеф Бајден на внатрепартиската дебата.

Трамп постојано ги критикуваше членките на НАТО бидејќи не трошат доволно пари за Алијансата, истакнувајќи дека тој не би дошол да ги брани оние кои не издвојуваат толку средства колку што смета дека се доволно.

Сенаторите Камала Харис и Мајкл Бенет, авторката Мариан Вилијамсон и Ерик Свалвел имаа сличен став какон оној на Бајден, со тоа што Свалвел дополнително го критикуваше Трамп за ласкањата кон Владимир Путин и инстистираше дека САД треба да се одалечи од Русија и повторно да се приближи до НАТО.

Други демократи ја спомнуваа и Кина, која беше цел на поголем дел од главните кандидати, како и за кризата со Иран, која според нив, била комплетно непотребна и било возможно да се одбегне.

– Без разлика на конкретните одговори, консензуалната порака од дебата на демократите е дека новиот претседател на САД треба да ги третира непријателите како непријатели, а пријателите како пријатели – пишуваат од магазинот.

Според анализата, доколку на следните избори не победи демократ и продолжи претседателствувањето на Трамп за уште четири години, традиционалните врски на САД би можеле да се трансформираат за навек.