Нафтата поскапе, акциите поевтинија по иранскиот ракетен напад

147

Цените на нафтата скокнаа по нападот со балистички ракети врз две воени бази со американски трупи во Ирак.

Барел нафта „брент“ поскапе за 1,4 отсто и во моментов чини 69,21 американски долари. Во исто време, скокна и цената на златото и се зголеми вредноста на јапонскиот јен.

Истовремено, глобалните берзи бележат пад на вредноста на акциите поради стравувањата од ескалирање на конфликтот на Блискиот Исток, јави Би-би-си.

Иранската државна телевизија објави дека ракетниот напад е одмазда за убиството на еден од највисоките воени команданти во оваа земја, Касем Сулејмани.

Нападот се случил само неколку часа по свечениот погреб на Сулејмани, кој беше убиен во американскиот воздушен напад на 3 јануари.

Неговата смрт ги зголеми стравувањата од понатамошна ескалација на американско-иранскиот конфликт.