Наследничката на Меркел се закани со оставка ако не добие поддршка од партијата

203

Наследничка на канцеларката Ангела Меркел, генералната секретарка на германската Христијанско демократска унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер, на годишниот конгрес на партијата се закани дека ќе даде оставка, доколку нејзината партија не успее да ја поддржи во реализација на нејзината визија за Германија.

Каренбауер побара поддршка од нејзините сопартијци. Нејзината закана за повлекување од функцијата предизвика големи овации и ветување лојалност од нејзиниот главен критичар.

Лоштите изборни резултати и нејзината ниска популарност доведоа до незадоволство внатре во ЦДУ, но во нејзиниот говор, 57-годишната Каренбауер постави ултиматум на своите противници.

-Ако сметате дека Германија што ја сакам не е таа што вие ја сакате, тогаш ајде да завршиме. Сега и денеска. Но драги пријатели, ако ја сакате оваа Германија, ако сакате заедно да одиме по овој пат, тогаш да ги завратиме ракавите овде и сега и да започнеме – порача таа.

Меркел, која исто така одржа говор на конгресот, повика на партиско единство.

Каренбауер е фаворит за наследник на Меркел, кога таа ќе се повлече од лидерската позиција во 2021 година.