Насилни протести во САД, полицијата употреби шок-бомби и солзавец

181

Американската полиција употреби шок-бомби и солзавец против демонстрантите во повеќе градови ширум САД кои излегоа на улиците откако претседателот Доналд Трамп кажа дека значително ќе го зголеми бројот на сојузни агенти во големите градови погодени со насилните протести по убиството на невооружениот црнец Џорџ Флојд.

Протести се одржуваат во Тексас, Кентаки, Њујорк, Омаха, Оукленд, Калифорнија и Вирџинија, каде што, според пишувањата на медиумите, интервентната полиција испалила хемиски средства кон учесниците во маршот. Протестите против полициската бруталност траат скоро два месеца.