Насилни протести во Брисел, полицијата употреби солзавец

309

Полицијата употреби солзавец на протестот на белгиското движење „жолти елеци“ во Брисел откако демонстрантите почнале да гаѓаат во згради со разни предмети.

Освен неколку стотици демонстранти со жолти елеци, кои протестираат поради социјалната неправда, на протестот имало и лица облечени во црно со качулки.

Полицијата патролирала во историскиот центар на Брисел, а насилство имало на повеќе места во градот. На протестот биле уапсени неколку лица.

Во Белгија денеска се одржуваат парламентарни избори и избори за Европскиот парламент.

Судири меѓу полицијата и демонстрантите имало и во близина на седиштето на Европската Унија.