НАСА ја избира следната генерација астронаути што ќе ја освојува Црвената планета

76

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути, за околу десетина слободни места, а резултатите од процесот на селекција ќе бидат објавени до летото 2021 година.

НАСА регрутира нова екипа на астронаути за својата програма „Артемис“, чија цел е да ја однесе и првата жена на Месечината. Првата екипа на „Артемис“ треба да слета на Месечината до 2024 година, а потоа наредната екипа ќе се испраќа секоја година.

– Следната класа на астронаути, генерацијата Артемида, ќе ни овозможи да истражиме нови области на Месечината, а таа ќе нè однесе и до Црвената планета – вели Џим Бриденштајн, директор на НАСА.

Во 2017 година, од 18.300 кандидати, биле избрани 12 за астронаути, а 11 имаат ја завршиле обуката до крај. Траела до јануари годинава.Апликантите мора да бидат американски државјани и да имаат најмалку магистратура во научни дисциплини, технологија или математика, а ќе бидат примени и лекари и пилоти. Во моментов НАСА има 48 активни астронаути.