Наредена евакуација на уште 10.000 луѓе во Калифорнија

73

Калифорниските власти наредија евакуација на уште 10.000 жители од околината на градот Рединг, каде со денови беснеат шумски пожари.

Околу 10.000 домови се загрозени од пожарот, а над 50.00 луѓе веќе беа евакуирани подалеку од стихијата. Пожарот уби најмалку шест лица, додека тројца се водат како исчезнати.

Над 12.000 пожарникари се борат против вкупно 17 поголеми и голем број помали пожари кои се раширија во овој дел на северна Калифорнија.

Според пожарникарите комбинацијата на сува шума и силни ветрови создава така наречени „огнени торнада“ кои можат да откорнат дрва и превртат автомобил.