Напаѓачот од Утрехт уапсен во Данска

305

Данската полиција соопшти дека е уапсен осомничениот напаѓач од Утрехт.

Претходно, турската новинска агенција Анадолија објави дека осомничениот за нападот во Утрехт, Ѓокмен Таниш, пукал во роднина поради семејни несогласувања, а потоа отворил оган и врз лицата кои се обиделе да му помогнат на нападнатиот.

При вооружениот напад во трамвај загинаа три лица, а деветмина се повредени. Холандската полиција како главен осомничен за нападот го идентификува 37-годишниот Ѓокмен Таниш, роден во Турција.