Нападот врз нафтените постојки во Саудиска Арабија ги зголеми цените на нафтата

86

Цените на нафтата нагло скокнаа по објавувањето на веста за нападот што го извршија беспилотните летала врз пумпите за нафта во Саудиска Арабија.

Цената на фјучерс на американската нафта се зголеми за 0,8 проценти, односно на 61,54 долари за барел напладне по лондонско време, објави телевизијата Си-ен-би си.

Северноморската сирова нафта „брент” скокна за 1,2 отсто, односно на 71,07 долари за барел.

– Ова е терористички чин – рече министерот за енергија на Саудиска Арабија, Халид ал Фалих, во врска со нападот врз две нафтени пумпи за нафтоводот Исток-Запад, кој го извршија беспилотни летала натоварени со експлозив, соопшти саудиската државна агенција СПА.