Нападната воена база во Авганистан, убиени најмалку 10 војници

51

При напад на талибанците врз воена база во северниот дел на Авганистан убиени се најмалку 10 војници, а повредени се 15.

Во борбите во последните два дена заробени се 15 авганистански војници.

Талибанците во неделата нападнаа воена база во провинцијата Фарјаб при што одзедоа тенкови и муниција.

– Не можеме да влеземе во базата. Поголем дел од базата и понатаму е под контрола на талибанците, изјави локалниот претставник Мохамад Тахир Рахмани.

Во судирите убиени се 30 талибанци.