Наложена итна евакуација на мигрантите кај Лампедуза

36

Обвинителството во италијанскиот град Агриџенто нареди запленување на бродот на невладината организација „Опен армс“ закотвен во близина на островот Лампедуза, како и итна евакуација на сите мигранти на бродот.

Според агенцијата „Анса“, одлуката е донесена откако главниот обвинител попладнево бил во обиколка на бродот со тим на лекари.

Бродот изминативе 19 дена пловеше во близина на Лампедуза, со скоро 100 мигранти на палубата.

Мигрантите се очекува да бидат евакуирани од бродот во текот на вечерта, но деталите треба да се формализираат, соопшти обвинителството, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.