Над 60 затвореници избегаа во Либан

63

Повеќе од 60 лица избегаа од затвор во Либан, а петмина од нив загинаа кога нивниот автомобил удри во дрво, соопштија Меѓународните безбедносни сили на Либан.

Тие избегаа од затворот „Бабда“ в зори, соопшти државната новинска агенција ННА, додавајќи дека безбедносните сили ја опколиле областа.

Безбедносните сили за Ројтерс велат дека осуммина затвореници се фатени.

Властите започнаа истрага за бегството од затвор, пренесува ННА.