Над 50 екстремисти ликвидирани на северен Синај

74

Египетските безбедносни сили во изминатите денови ликвидираа најмалку 52 екстремисти во северниот дел на Синајскиот полуостров, а 49 се уапсени,соопштија властите.

Дваесет и пет скривалишта и складишта за оружје се уништени, 64 експлозивни направи се отстранети. Со воздушни напади во западната пустина и на југ уништени 32 автомобила со оружје и муниција. 

Информациите не можат да бидат потврдени од независен извор, бидејќи пристапот до северен Синај е строго ограничен. Египет започна масовна офанзива против екстремистите на полуостровот во февруари.