Над 430 загинати во земјотресот на Ломбок

23

Бројот на жртвите од земјотресот што го погоди индонезискиот остров Ломбок на почетокот од месецот, се искачи над 430 луѓе, додека материјалната штета се проценува на неколку стотина милиони долари.

– Во земјотресот од 5 август загинаа 436 лица, од кои поголемиот број беа усмртени по уривањето на станбените објекти – се посочува во соопштението на индонезиската Агенција за катастрофи.

Земјотресот предизвика и голема штета на инфраструктурата и домаќинствата, што се проценува на пет трилиони индонезиски рупии (342 милиони долари).