Над 40 загинати во тајфунот што ја погоди Јапонија

19

Најмалку 40 загинати, 16 исчезнати и 190 повредени е билансот по разорниот тајфун Хагибис, што викендов ја погоди Јапонија. Над 92.000 домаќинства сѐ уште се без струја, а спасувачите трагаат по исчезнатите.

Тајфунот Хагибис, кој на филипински јазик значи брзина, е една од најстрашните временски непогоди што ја зафати Јапонија во последните десетици години, а се споредува со најлошиот тајфун од минатиот век кој поминал низ Јапонија во 1958 година.

Јапонската меторолошка агенција издаде предупредување за Токио и околината, наведувајќи дека таков интензитет на дожд може да се види еднаш во 60 години.

Агенцијата „Кјодо“ соопшти дека количината на врнежите може да ја надмине онаа од најразорниот тајфун во 1958 година, кога загинаа 1.200 лица и имаше голем број на исчезнати.