Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

35

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги поведе австрискиот претседател Александер Ван дер Белен во пресрет на конференцијата за климатските промени во Обединетите нации, што ќе се одржи следната недела.

Според иницијативата за поголемо залагање во однос на климатските промени, тие се прогласуваат за клучен предизвик на нашето време, пренесуваат светските агенции.

Во неа се додава дека сегашната генерација е прва што сведочи за брзото покачување на температурите во светот и веројатно последната што има шанса ефикасно да се бори против глобалното затоплување.

Во иницијативата се повикуваат државите да дејствуваат заедно, одлучно и брзо.