Над 30 илјади раселени во Сирија поради бомбардирањата во Идлиб

113

Повеќе од 30.000 луѓе ги напуштија своите домови во Сирија поради бомбардирањата од сили на режимот и неговиот руски сојузник во провинцијата Идлиб и околните области, соопштија ОН. Податоците се за периодот од 1 до 9 септември.

– Ние сме длабоко загрижени од неодамнешната ескалација на насилството што предизвика раселување на над 30.000 луѓе,  изјави портпаролот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања Дејвид Свансон.

Повеќето од раселените заминале во северниот дел на Идлиб, близу турската граница.