Над 20 полицајци повредени во насилни судири по убиство на осомничен криминалец во Мемфис

100

Најмалку 25 полицајци се повредени во насилни судири со демонстрантите откако американските маршали фатално застрелаа осомничен за повеќе кривични дела за време на апсењето. За разбивање на толпата биле ангажирани коњичката полиција, хеликоптер и бил употребен солзавец, пренесува РТ.

Двајца новинари се повредени, а шест полицајци биле хоспитализирани во судирите доцна во средата, според градоначалникот на Мемфис, Џим Стрикленд.

– Дозволете ми да бидам јасен – агресијата покажана кон нашите офицери и заменици вечерва беше неоправдана- рече Стрикленд во соопштението.

Толпата фрлаше тули и камења врз полицијата во Мемфис и беа оштетени повеќе полициски возила, а беа искршени и прозорците на локалната противпожарна  станица. Насилните судири се случија како реакција на фаталното застрелување на на осомничен за повеќе кривични дела во неуспешната акција за апсење од страна на американските маршали во Северен Мемфис.

Според  Бирото за истрага на Тенеси, агентите се обиделе да го уапсат осомничениот – по кој наводно имало издадено повеќе потерници за извршени кривични дела – но човекот влегол во автомобил и почнал да се забива во полициските возила пред да излезе со оружје во рацете.

Полицијата отворила оган и осомничениот бил прогласен за мртов на местото на настанот. Сè уште не е познато колку истрели биле истрелани или колку пати бил погоден осомничениот. Полицијата во Мемфис не била директно вклучена во пукањето.

Националната асоцијација за унапредување на обоените лица (НААЦП) соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата.