Над 100 пожари беснеат ширум САД, се очекуваат нови

103

Во САД избија шест нови пожари, со што бројот на активни шумски пожари во државата се зголеми на над 100, соопштија властите.

Се очекува нови пожари да избијат од удар на громови.

На терен се наоѓаат повеќе од 30.000 луѓе, вклучувајќи и пожарникари од Австралија и Нов Зеланд, кои активно работат на гаснење на пожарите.

– Очекуваме нови пожари денеска – изјави метеоролог од Националниот центар за следење бури во Оклахома.

Тој смета дека се очекуваат слаби врнежи од дожд, проследени со силни грмотевици во пределот на Карпестите планини, а во северозападниот дел на САД се очекуваат силни ветрови и слаба влажност на воздухот.