Над половина милион луѓе протестираа низ Франција, сообраќајот во колапс

66

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на околу 70 градови низ Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи за време на еден од најголемите штрајкови во земјата во последните децении.

Протестите скоро целосно го парализираа јавниот превоз, а демонстрациите во Париз беа одбележани со судири со полицијата која гаѓала со солзавец кон демонстрантите.

Во Париз уапсени се 87 лица, соопштија официјални претставници, а пренесе Би-би-си.
Полицијата во неколку наврати употребила и палки за да се одбрани од демонстрантите облечени во црно кои се упатиле кон неа.

Вработените во железницата најавија дека ќе штрајкуваат и утре, додека членовите на синдикатот во компанијата RATP, која е надлежена за автобускиот и метро сообраќај, најавија дека ќе штрајкуваат до понеделник.

Популарните туристички атракции како Ајфеловата кула и Версајскиот дворец во Париз се затоврени за посетители, јави Би-би-си.

Покрај во Париз, масовни протести се одржаа и во сите поголеми градови како Лион, Марсеј, Нант и Монпелје.