Над пет тони кокаин пронајдени во Костарика

85

Властите во Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја.

Министерството за јавна безбедност на Костарика соопшти дека 5.048 килограми кокаин се пронајдени синоќа во контејнер во карипското пристаниште Моин.

Контејнерот во кој наводно биле украсни билки, требало да оди со брод за холандскиот град Ротердам.

Уапсен е еден човек, 46-годишен Костариканец, кој го донел контејнерот во пристаништето.