Навални: Патот кон закрепнувањето е јасен, но долг

152

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека неговиот пат кон закрепнување е јасен, но долг.

Тој вели дека сè уште има потешкотии во качувањето по скали бидејќи неговите нозе сè уште се тресат, пренесува Ројтерс.
Минатиот месец Навални, кој важи за критичар на рускиот претседател Владимир Путин, се разболе во Сибир, по што беше префрлен на лекување во Германија, во состојба на индуцирана кома.

Берлин тврди дека резултатите од три лаборатории покажуваат дека тој бил отруен со нервен агенс, а Москва го негира тоа.