Навални номиниран за Нобелова награда

159

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во Њу Џерси.

Тој рече дека Навални е номиниран за наградата од група научници од повеќе универзитети, но тој не ги наведе нивните имиња, пренесува рускиот портал News.ru.

Номинациите за Нобеловата награда за мир се доставуваат од септември до крајот на јануари следната година, а според правилата на шведската академија, која ја доделува, официјално се објавуваат само имињата на добитниците, додека имињата на кандидатите се објавуваат 50 години подоцна.