Навални излезе од притвор

57

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на Твитер соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена излегол од притвор, откако московскиот суд го отфрли барањето за продолжување на казната.

Навални, кој е истакнат критичар на Кремљ, минатиот месец беше осуден на 30 дена за повикување луѓе да учествуваат во недозволен протест. Додека бил во затвор, Навални бил однесен во болница со сериозен исип на лицето за кој лекарите рекле дека е алергиска реакција. Некои приврзаници се сомневаа дека тој бил отруен.

Тој помина околу 19 часа во болницата пред да биде вратен во притвор. Шефот на затворот кадешто ја издржуваше казната побарал од московскиот суд да го одложи ослободувањето за времето поминато во болница, но судот го отфрлил тоа.