Москва ја призна Жанин Анез за привремен претседател на Боливија

97

Москва ја признава Жанин Анез за привремен претседател на Боливија, но Москва ја загрижува фактот дека немало кворум при гласањето за неа во парламентот, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, пренесува „Спутник“.

-Забележавме дека во моментот на именување на таа должност на Анез немало кворум, затоа тука гледаме определени моменти, кои, се разбира, ќе ги земеме предвид. Меѓутоа, јасно е дека токму таа ќе биде прифатена како лидер на Боливија во периодот до решавањето на прашањето за новиот претседател по пат на избори, а тоа е внатрешна работа на Боливија – изјави Рјабков.

На изборите одржани на 20 октомври Моралес победи во првиот круг, но неговиот главен конкурент, Карлос Меса, не ги призна резултатите од гласањето.

Во неделата вооружените сили на Боливија го повикаа Моралес да ја напушти функцијата за да се осигури стабилност во земјата. Целото високо раководство поднесе оставка, власта ја презеде опозициската потпретседателка на Сенатот, Жанин Анез, а Моралес ја напушти земјата и доби политички азил во Мексико.