Москва: Грузиската опозиција е виновна за протестите

96

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „радикалните” сили намерно организираа протести минатата ноќ, по обраќањето на рускиот пратеник Сергеј Гаврилов во парламентот во Тбилиси. Русија ја обвинува грузиската опозиција дека се обидува да спречи подобрување на односите меѓу двете земји, пренесува „Ројтерс“.

Во соопштението се додава дека Москва ќе продолжи да се обидува да ги подобри односите со Тбилиси.

Маса на луѓе, испровоцирани од обраќањето на рускиот пратеник Сергеј Гаврилов, синоќа се обидоа да влезат во парламентот на Грузија во Тбилиси, пробивајќи го полицискиот кордон, на што полицијата одговори со солзавец и гумени куршуми.