Можно ли е Италија да успее да се оттргне од ЕУ

109

Имајќи предвид дека италијанската политика е толку многу балканизирана, ниту оваа влада ниту која било слична коалиција ќе има доволно сила да направи крупни промени во курсот по кој се движи државата, сметаат аналитичарите

Италија конечно има влада, една необична коалиција составена од две неконвенционални, евроскептични партии. Раководството почна со фалбите, заветувајќи се дека ќе ги исполни своите предизборни ветувања. Во одредени кругови се појавија муабети за импичмент на претседателот на државата, а можеби и за повлекување од еврозоната, па дури и од ЕУ.
Сѐ е можно, особено во Италија, но со оглед на досегашната „раскршена“ политика и начин на функционирање, постојат големи шанси дека оваа влада (или која било италијанска влада) нема да има доволно сила да направи некои големи суштински промени. Она што е сигурно е дека можеби ќе ѝ недостига способност да стави крај на формалната врска со Европа или, пак, дека ќе има сили да ги промени досегашните реформи во легислативата.

Оваа чудна одбрана од деструктивната политика е евидентна во начинот на кој досега се одвиваа работите. Мартовските избори не резултираа со партија што има доволно гласови за самостојно да формира влада. Напорите за создавање коалиција доведоа до резултат дури во мај. Двете антиинституционални, антиемигрантски партии, движењето Пет ѕвезди и десничарската националистичка партија Лига, по освојувањето пратенички места во парламентот почнаа со преговори. Стануваше збор за една чудна комбинација. Се разбира, и двете беа настроени против италијанскиот политички естаблишмент и пројавија огромен скептицизам во врска со ЕУ и со еврозоната, но во секој друг поглед тие немаа некои посебни заеднички цели. Десничарската, евроскептична Лига, која има најголема поддршка во индустрискиот север на Италија, стави акцент на картата на бизнис-проблематиката, во вид на намалување на даноците и економски реформи. Движењето Пет ѕвезди, од друга страна, која тежнее лево од центарот и најголема поддршка доби од осиромашениот југ на Италија, водеше кампања со многу повеќе популизам во настапите.
Во предизборието овие две партии жестоко се напаѓаа меѓусебно. Кога ги почнаа преговорите за коалицирање, нивните разлики се отсликаа во предлозите. Така, предлогот на Лигата за намалување на даночната стапка на 15 отсто беше некомпатибилен со загарантираниот личен доход за сите Италијанци, за кој се залага движењето Пет ѕвезди.

Ако двете инаетчиски настроени коалициски партнери не беа доволни да се блокираат процесите, тука беше секогаш италијанскиот уставно моќен претседател, Серџо Матарела. Негова задача беше да ги одобри сите министерски решенија на партиите што се обидуваа да состават влада.

За извесно време, партиите никако не можеа да се усогласат во однос на кандидатот за премиер. На крајот се определија за Џузепе Конте, универзитетски професор по право, генерално непознат за јавноста и без членство во партиите што ја формираа коалицијата. Тој успеа да добие одобрение од Матарела. Но кога Лигата и движењето Пет ѕвезди го предложија екстремниот евроскептичар Паоло Савона како кандидат за министер за економија, Матарела го одби предлогот, изјавувајќи дека Италија треба да ги исполни своите обврски кон Европа. Коалицијата можеше да формира влада само ако понуди поумерен кадровски предлог. На почетоците на овој процес, се чинеше дека инвеститорите и трговијата имаат добри изгледи. Дури и некомпатибилните предлози за намалување на даноците и гарантирање на личниот доход изгледаа како нешто што дава каков-таков резултат. Доколку тие се преточат во закон, тие би имале големо влијание врз италијанскиот буџетски дефицит – тој би скокнал далеку над лимитот дозволен од страна на ЕУ, кој изнесува три отсто од БДП. И онака огромниот товар на италијанскиот јавен долг, нараснат за повеќе од 30 отсто од државниот БДП, би се зголемил уште повеќе. Агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“, се закани дека ќе го намали кредитниот рејтинг на земјата од нивото Баа2 на ниво блиску до „ѓубре“. Се случи распродажба на одредени акции, а италијанските обврзници ја изгубија трката со европскиот златен стандард, германските државни обврзници.

Цените на италијанските емисии на обврзници паднаа толку многу, што мораа да се понудат приноси што изнесуваат повеќе од 2 процентни поени над приносите на германските обврзници. Ова укажа на одредена претпазливост, но сепак е далеку под приносот од 5,5 процентните поени, кои италијанските обврзници мораа да ги понудат за време на финансиската криза во периодот 2011/2012 година.

Првиот неуспех да се формира влада на крајот на мај, одеднаш доведе до пад на довербата. Луѓето беа исплашени дека новите избори би донеле уште понеодговорна влада од онаа ветена од страна на коалицијата. Падот на цените на акциите се забрза и ги урна за речиси 10 отсто од нивната вредност од средината на мај. Приносите од италијанските обврзници пораснаа во распон од речиси 3 процентни поени во споредба со германските еквиваленти. Откако инвеститорите одеднаш искажаа загриженост дека проблемите во Италија можат генерално да ѝ нанесат штета на еврозоната, парите „протекуваа“ од евра во долари, свртувајќи се кон обврзниците со Владата во Америка. До крајот на месецот, еврото загуби повеќе од 7 отсто во однос на американскиот долар, споредено со неговото ниво од почетокот на мај.

Паниката и стравовите во врска со оваа или со која било друга влада се неосновани и депласирани. Имајќи предвид дека италијанската политика е толку многу балканизирана, а наедно и многу далеку од консензус, ниту оваа влада ниту пак која било слична коалиција ќе имаат сила да направат нешто повеќе.

Секако дека ќе биде потребна една посилна влада од оваа, зашто можно е Италија да успее да се оттргне себеси од ЕУ, па дури и од еврозоната, како што некои сѐ уште се плашат. Во случај коалицијата помеѓу Лигата и движењето Пет ѕвезди да се обиде нешто во таа насока, разликите во ставовите и несогласувањата веројатно би довеле до нејзин распад. Тешко е да се поверува дека новите избори би произвеле власт што е доволно силна за една олку сериозна задача. Иако оваа политичка ситуација подолго време ги блокира реформите, кои очајно ѝ требаат на Италија, таа сепак им дава на пазарите и на Европа заштита од она од кое најмногу стравуваат.