Можна е средба на Путин со Ким Џонг – ун во септември

151

Рускиот претседател Владимир Путин можеби ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во септември во Владивосток, на рускиот Далечен Исток, јавија руски медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.

За средбата се разгледуваат и други датуми и локации.

Заменик – претседателот на Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, Иван Мелников на средба со севернокорејски пратеници изјави дека се очекува Ким Џонг – ун во септември официјално да ја посети Русија, во рамките на Источниот економски форум.