Могерини: Употребата на хемиско оружје е злостоврство против човештвото

1217

Европската Унија „најстрого ја осудува постојанта употреба на хемиско оружје од страна на сирискиот режим“ исткна во писмено соопштение високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, објавено по повод денешните воздушни напади на САД, Франција и Велика Британија.

– Во тој контекст бевме информирани за целните американски, британски и француски воздушни напади врз складиштата за хемиско оружје во Сирија. Овие специфични мерки се преземени со единствена цел да се спречи идна употреба на хемиско оружје и хемиски супстанци како оружје од страна на сирискиот режим за убивање на сопстениот народ – наведува Могерини.

Таа додава дека ЕУ ги поддржува сите напори за спречување на употребата на хемиско оружје и потсетува дека тоа претставува „воено злосторство“ и „злосторство против човештвото“.

Могерини изрази уште еднаш жалење што мандатот на заедничкиот истражен механизам при Организацијата за забрана на хемиското оружје, не е обновен од ноенври 2017. Овој механизам беше воспоставен со резолуција на Советот на безбедност на Обединетите нации.

Високата претставничка во име на ЕУ ги повикува Русија и Иран да го искористат своето „влијание за да спречат понатамошна употреба на хемиско оружје“ во Сирија.

– ЕУ повторува дека не може да има друго решение за сирискиот конфликт освен политичко. Наша заедничка цел е да спречиме ескалација на насилството што би го претворил сирискиот конфликт во поширока регионална конфорнтација со незамисливи последици за Блискиот Исток, како и за целиот свет. ЕУ ги повикува сите страни, особено режимот и нивните сојузници веднаш да го имплементираат прекинот на огнот и да обезбедат хуманитарен пристап и медициснки евакуации, како што заеднички е договорено со резолуцијата 2401 на Советот за безбедност на ОН – нагласува Могерини во соопштението.