Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

124
Федерика Могерини

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од Западен Балкан.

Могерини во пресрет на почетокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк ќе има работна вечера со лидерите од Западен Балкан, наведуваат од Европската Комисија.

Пред почетокот на Генералното собрание на ОН, од Брисел истакнуваат дека ЕУ останува лидер во областа на глобалната соработка, продолжува да ги поддржува мирот и демократијата и да ги промовира меѓународното право и човековите права.