Мнозинството Молдавци се против членство во НАТО

45

Поголемиот дел од молдавските граѓани се против членството во НАТО, покажува анкетата спроведена од молдавската Асоцијација на социолози и демографи, пренесува ТАСС.

-Резулатите од анкетата покажуваат дека 45,8 отсто од анкетираните се против влегување во алијансата, 23 отсто го поддржуваат, 13,2 отсто посочија дека нема да учествуваат на референдум за ова прашање, 13,6 отсто се неопределени, а преостанатите 4,3 отсто не знаат што е НАТО и не можеа да одговорат на прашањето, се наведува во соопштението од асоцијацијата.

Анкетата била спроведена од 11 до 20 септември кај 1.189 лица од 88 населени места. Маргината на грешка е 3 отсто. Жителите на непризнаената Транснистрија не учествуваа во анкетата.

Уставот на Молдавија ја прогласува земјата за неутрална, но од 1994 година републиката соработува со НАТО според индивидуален план за партнерство.

Во декември 2017 година, во Кишињев беше отворено Биро за односи со алијансата, но молдавскиот претседател Игор Додон одби да ја одобри оваа одлука. Според него, републиката мора да бара меѓународни гаранции за својата неутралност, што би помогнало во решавањето на прашањето на Транснистрија.