Мијатовиќ: „Загрижувачки курс“ на Виктор Орбан за човековите права

202

Комесарот за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ изјави денеска дека Унгарија се соочува со многу меѓусебно поврзани предизвици во врска со човековите права, вклучувајќи го и законодавството, кое процесуира граѓански групи, назадување на првото на жената и системско притворање на баратели на азил.

Мијатовиќ, која минатата недела престојуваше во петдневна посета на Унгарија, исто така, изрази загриженост за независноста на медиумите и правосудството.

Таа изјави дека „просторот за работа на невладините организации, борците за човекови права и новинарите, кои ја критикуваат Владата е многу тесен и ограничен“ и го повика премиерот Виктор Орбан да „го смени својот загрижувачки курс“ за човековите права.