Милијардерот Бафет купи уште 75 милиони акции на Епл

753

Милијардерот Ворен Бафет, односно неговиот фонд Беркшир хатавеј, купи уште 75 милиони акции на Епл (Apple).

Со тоа овој бизнисмен дополнително го зголеми својот удел во ИТ компанијата – сега има вкупно 240,3 милиони акции во вредност од 42,5 милијарди долари.

– Тоа е неверојатна компанија. Мислам дека заработува двапати повеќе од другите најпрофитабилни компании во САД “, истакна Бафет.