Милиони луѓе стравуваат дека ќе го загубат домот

85

Десетици милиони луѓе ширум светот стравуваат дека ќе ги загубат своите домови и земјиште во следните пет години, меѓу кои младите се особено ранливи, се наведува во истражување спроведено во 15 земји и објавено во Рим.

Недостиг на формална документација и лошата имплементација на законите за земјиште ја загрозуваат работата во многу земји, велат истражувачите и политичарите на презентацијата на Глобалниот индекс за имотни права (PRIndex), што ја проценува перцепцијата на граѓаните.

Околу 40 милиони луѓе ширум светот стравуваат дека некој ќе го преземе нивниот дом или работното место, вели Ана Лок од британскиот Оверсиз Дивелопмент Институт, која е вклучена во изработката на индексот.

– Тоа ќе влијае на начинот на кој тие се однесуваат и на вкупните изгледи за развој на сопствените земји – вели таа.

Еден од четворица испитаници изразиле страв дека неговиот имот ќе биде одземен.

Во возрасната група од 18 до 24 години, просечното ниво на несигурност е повисоко за 10,5 процентни поени од возраста над 55 години.

Според Светската банка, околу 90 проценти од руралното земјиште во Африка е недокументирано.

Околу 18.000 луѓе беа анкетирани за сопственост или имот во Буркина Фасо, Либерија, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Намибија, Замбија, Мадагаскар, Мозамбик, Руанда, Хондурас, Еквадор, Перу, Костарика и Тајланд.

Во текот на следната година, истражувањето ќе се прошири на повеќе од 100 земји.