Милиони евакуирани со приближувањето на циклонот „Амфан“ кон Индија и Бангладеш

78

Обилни дождови и ветрови ги погодија двете источно индиски сојузни држави и делови на Бангладеш неколку часа пред да се појави моќен циклон. Спасувачките тимови евакуираа милиони жители.

Надлежните за катастрофи навеле дека со огромни напори од крајбрежните подрачја евакуирале околу два милиони луѓе, додека циклонот „Амфан“ се приближува од Бенгалскиот залив.

Одделот за временска прогноза во Индија соопшти дека циклонот би требало да ослабне во екстремно силна циклонска бура.

Индиското сојузно министерство за внатрешни работи соопшти дека Западен Бенгал и соседната држава Одиша, се борат да вдомат илјадници евакуирани луѓе, додека истовремено постоечките засолништа се користат како карантински центри за коронавирус.

Дополнителни засолништа се подготвуваат во трогските центри и во државните згради со мерки за физичка дистанца, додека на луѓето им се делат маски и шалови.

Но, луѓето се плашат да одат во засолништата да не се заразат со коронавирус.