Милионерот Мадсен осуден на доживотен затвор поради убиство на новинарка

1589

Данскиот милионер Пeтер Мадсен (47) денеска е осуден на доживотна казна затвор поради убиството на шведската новинарка Ким Вал (30) на неговата подморница.

Мадсен најави дека ќе поднесе жалба на пресудата на данскиот суд. Тој негира дека ја убил новинарката, тврдејќи дека таа случајно починала, но призна дека го исекол нејзиното тело и деловите ги фрлил во море.

Полицијата го уапси Мадсен на 11 август минатата година, откако се појави без Вал, со која исплови претходниот ден во рачно направената подморница.

Торзото на убиената новинарка морето го изфрли на брегот на Копенхаген, а подоцна беа пронајдени и другите делови од нејзиното тело.